Ставре Јада потфрли на првата трка во БиХ: Очекувањата се големи за „Мавровски меморијал“

Нордиската репрезентација деновиве се наоѓа во Дворишта, Босна и Херцеговина каде ја чекаат трки од ФИС натпреварот во нордиско скиење. На денешната трка, во должина од 10 километри, Ставре Јада потполно разочара и го освои 11-то место од вкупно 24 натпреварувачи, а и самиот натпреварувач не е задоволен од прикажаниот резутат.

„Не сум задоволен од изминатите неколку трки во Босна и Херцеговина. Можев да остварам подобар резултат, но што е , тука е. Не сум во добра форма, но се надевам дека за една седмица ќе бидам подготвен за меморијалот во Маврово“ – ни изјави Ставре Јада.

И селекторот Ѓоко Динески не го криеше разочарувањето и очекува подобри резултати од своите натпреварувачи на „Мавровски меморијал“ кој ќе се одржи на од 14-15-ти февруари.

„Денешната трка ја завршивме на средина на табелата и искрено, не сум задоволен од постигнатиот резултат. Првиот дел од трката помина одлично, но после тоа стигна тој замор и Ставре не успеа да издржи до крајот. Очекувам подобри резлтати на „Мавровски меморијал“ кои за нас е многу значаен. Во овој период имавме многу натпревари и логично е да се појави заморот и верувам дека во Маврово ќе биде подобро. Во секој случај, Ставре Јада е млад и перспективен натрпеварувач пред кого стои светла иднина“ – истакна Динески за ЕКИПА.

Се вчитува...