Ставрев ќе го суди мечот меѓу Базел и Трабзонспор во Лигата на Европа

Најдобриот македонски судија Александар Ставрев на крајот од годината го очекуваат нови европски обврски во УЕФА Лигата на Европа.

Ставрев во четврток ќе го суди натпреварот меѓу Базел и Трабзонспор од последното, 6. коло, од групната фаза во Лигата на Европа. Негови асистенти, како и на претходните натпревари, ќе бидат Марјан Кировски, Дејан Костадинов и Дејан Јакимовски.

За Ставрев ова ќе биде шести натпревар на европската сцена оваа сезона, а негов вкупно 115-ти меѓународен во кариерата.

Васко Дојчиновски, пак, утре ќе биде делегат на натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Бриж и Реал Мадрид.

Се вчитува...