Најдобрите македонски судии Александар Ставрев и Димитар Мечкаровски ќе имаат европски ангажмани престојнава недела во квалификациските натпревари од Лигата на Европа.
Ставрев од страна на УЕФА е определен за главен делител на правдата на мечот меѓу холандски Утрехт и полскиот Лех Познањ, а ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Неделковски. Четврти судија не мечот ќе биде Дејан Јакимовски.
Мечкаровски, пак, ќе го суди натпреварот меѓу Астра и Александрија на стадионот „Марин Анастасовичи“ во Романија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА