Стеф Кари е незапирлив за Портланд

Само една четвртина беше доволна за кошаркарите на Голден стејт да го демолираат Портланд и со четвртата победа во низа над истиот ривал да се пласираат во полуфиналето од Западната конференција. „Воините“ предводени од Стеф Кари водеа со преубедливи 22-45 по дванаесет минути игра, предност што потоа рутински ја чуваа до самиот крај за убедлива победа од 103-128. Кари одигра уште еден беспрекорен натпревар, постигнувајќи 37 поени по три четвртини, по што воопшто не влегуваше во игра во последниот дел од мечот.Кевин Дурант се врати во тимот на Голден стејт откако ги пропушти последните два меча и постигна 10 поени за 21 минута игра.

Атланта славеше со 111-101 на домашен терен против Вашингтон, израмнувајќи ја оваа серија со 111-101. Мечот изобилуваше со пресврти, за на крајот „јастребите“ да ја добијат последната четвртина со 34-24 и да ја забележат втората победа во низа. Милсап беше најефикасен кај Атланта со 19 поени, еден повеќе од Шредер, додека Двајт Хауард оствари дабл-дабл од  16 поени и 15 скокови. Најефикасни кај Вашингтон при синоќешниот пораз беа Бредли Бил со 32 и Џон Вол со 22 поени.

Торонто за првпат во серијата има водство против Милвоки (3-2), откако „рептилите“ го победија на домашен терен незгодниот противник со убедливи 118-93. Нападот на домашниот тим функционираше беспрекорно, а најдобри поединци кај Торонто беа Пауел со 25 и Ибака со 19 поени.

Се вчитува...