Ракометниот суперлигаш Прилеп го потврди враќањето на Стефан Лозаноски во клубот. По една сезона помината во Грција, Лозаноски повторно се враќа во својот матичен клуб, носејќи со себе дополнително искуство, зрелост и квалитет стекнати на меѓународната сцена.
Стефан е добро познато име за прилепската публика, ракометар кој секогаш го дава максимумот на теренот и со голема посветеност ги брани боите на својот клуб.
„Неговото враќање претставува значајно засилување за нашиот тим во пресрет на новите предизвици. Веруваме дека заедно нè очекуваат многу убави моменти, победи и исполнета сала во која повторно ќе ја чувствуваме препознатливата прилепска ракометна атмосфера“, велат од РК Прилеп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
