Стефан Марковиќ, трансфер-изненадување на Црвена Звезда

Црвена Звезда комплетираше уште еден трансфер откако потпиша договор со поранешниот српски репрезентативец Стефан Марковиќ.

„Црвено-белите“ се соочија со сериозни проблеми во играта во напад, неопходен им беше врвен поентер, како и дополнителна опција на центарската позиција, па затоа изненадување е што наместо една од овие две точки во тимот, управата на клубот реши да го доведе Марковиќ како стабилен организатор на играта.

Тој беше слободен играч по истекот на договорот со Виртус Болоња, каде не му беше продолжена соработката по заминувањето на тренерот Ѓорѓевиќ. Искусниот плејмејкер претходно има настапувано за Химки, Уникаха, Хемофарм, Бенетон, Валенсија, Банвит, Малага и Зенит.

Стефан Марковиќ потпиша за Црвена Звезда во пресрет на вечното дерби со Партизан во АБА-лигата закажано за недела.

Се вчитува...