Стефан откри една „тајна“: Капитенската лента која ја носев е од Пандев, таа ми беше мотив и мене и на соиграчите

Капитенот Стефан Ристовски по денешната историска победа на Македонија на прес-конференцијата по натпреварот откри дека капитенската лента која ја носел на средбата е од најдобриот македонски фудбалер во историјата, Горан Пандев.

Лентата и за него и за соиграчите била мотив да се дојде до денешната победа…

„Сакам да откријам дека капитенската лента која ја носев е од Горан Пандев. Му ја зедов во моментите додека ја напушташе играта на мечот со Холандија во Амстердам на Европското првенство. Таа ми беше мотив и мене, но и ми донесе сила да ги мотивирам соиграчите да дојдеме до победата и баражот за СП“ – истакна Ристовски на средбата со медиумите.

Се вчитува...