Стефан Петриќ и официјално промовиран во дресот на Вардар (ФОТО)

Левиот бек Стефан Петриќ и официјално промовиран во дресот на РК Вардар 1961.

22-годишниот Србин во следните две сезони ќе го носи дресот на повеќекратниот првак на Македонија и актуелен освојувач на Купот.

„Петриќ во иднина треба да биде еден од играчите со кои почнува освежувањето на тимот и создавање на екипа која ќе настапува в година“ – порачуваат од РК Вардар.

Петриќ доаѓа од екипата на Партизан каде досега настапуваше и ова ќе биде негово прво интернационално искуство. Тој е дел од младинската репрезентација на Србија и настапуваше и на СП за играчи до 19 години што беше во Македонија.

Се вчитува...