Фудбалскиот институт ЦИЕС направил опширно истражување во 32 европски лиги за најдобри поединци во 15 различни категории според статистички параметри. Анализирани се играчи со повеќе од 1.000 одиграни минути во првенствени натпревари, а во анализата била опфатена и првата хрватска лига (прва ХНЛ).
Најмногу победници по категории има Динамо, а меѓу нив е и Стефан Ристовски.
Стефан Ристовски е победник во категоријата „Playmaker creator“, што опфаќа додавања, асистенции и клучни додавања во креирање на шанси.
Зачудувачко е што во ниту една категорија го нема Аријан Адеми, кој според многумина е еден од најдобрите играчи не само во оваа, туку и во изминатите сезони во ХНЛ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА