Стефан Ристовски игра проштален меч за Ријека и утре потпишува за Спортинг Лисабон?

Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски вечерва најверојатно ќе го одигра последниот меч за хрватскиот првак Ријека, дуелот против Салцбург од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите, а утре ќе се упати кон Португалија и ќе потпише договор со португалскиот гигант Спортинг Лисабон. Овој клуб веќе подолг период ги следи игрите на Ристовски, а португалскиот спортски весник „А Бола“ тврди дека трансферот е веќе договорен и Спортинг Лисабон ќе исплати 3,5 милиони евра за услугите на десниот бек.

Ристовски беше интересен и за холандскиот првак Феенорд, како и за турскиот клуб Бурсаспор, но очигледно дека Спортинг Лисабон е најконкретен во намерата да го купи и да го направи свое ново засилување во пресрет на новата сезона.

Се вчитува...