Стефан Ристовски: Ја анализираме Полска и добро ќе се подготвиме

Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за јунските квалификациски испити против селекциите на Полска и на Австрија во Скопје. На 7 јуни на „Тодор Проески арена““ ќе гостува најквалитетната репрезентација во групата, составот на Полска, а три дена подоцна ќе следи и дуелот со Австријците.

Фудбалерот на Спортинг Лисабон, Стефан Ристовски, вели дека Полска ќе биде добро анализирана во претстојниот период.

„Ќе дадеме се од себе, иако знаеме дека ќе биде исклучително тешко против Полска која е најдобра репрезентација во нашата група. На нас е да се наметнеме, треба добро да се подготвиме, стручниот штаб работи на сите детали, го анализираме противникот и се надевам дека ќе бидеме максимално подготвени. Добра, компактна одбрана ќе значи и подобар напад, противникот сигурно ќе биде подготвен на сѐ, но ние во овие квалификации имаме цел, а тоа е да се бориме за висок пласман и да се обидеме да освојуваме бодови против секој противник“, изјави Стефан Ристовски.

Се вчитува...