Стефан Ристовски неизвесен за дуелот со Грузијците!?

ЕКИПА во Тбилиси, Грузија

Владимир Булатовиќ

По откажувањето на Иван Тричковски и Кире Ристевски, македонската репрезентација за утрешниот натпревар против Грузија би можела да биде и без деснокрилниот дефанзивец Стефан Ристовски.

Како што информираше селекторот Игор Ангеловски, Ристовски се пожалил на стомачни тегоби пред заминувањето за Грузија па сега е под лекарски надзор. Искрените очекувања се дека, сепак, ќе биде подготвен за утрешната средба.

„Сите фудбалери кои допатуваат во Тбилиси се подготвени за натпреварот. Единствено Стефан Ристовски има мали стомачни проблеми, па ќе видиме до утрешниот дуел колку ќе биде подготвен да помогне на тимот“ – информираше селекторот Ангеловски.

Се вчитува...