Стефан Ристовски се најде во тимот на сезоната во Хрватска (ФОТО)

Откако Динамо Загреб го освои првенството во хрватска и крена шампионската титула, македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски се најде меѓу најдобрите во изборот за тим на сезоната.

Покрај извонредниот Аријан Адеми, кој подолго време беше повреден во тековната сезона, Стефан Ристовски одигра извонредната сезона во дресот на „модрите“, која на крај ја крунисува со шампионски трофеј.

За Ристовски по пристигнувањето од Спортинг Лисабон ова прва титула со тимот на Динамо Загреб, клуб кој во својата клупска историја го запиша вкупно 22. шампионски трофеј.

 

Се вчитува...