Стефан Ристовски се повлекува од репрезентацијата: Односот меѓу мене и селекторот не е најдобар…

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски на социјалните мрежи објави дека се повлекува од настапи во националниот тим на Македонија. Ова е неочекувана вест, со оглед дека Ристовски беше стандарден во репрезентацијата, а истакна тоа го прави поради нарушени односи со селекторот Благоја Милевски.

Засега не е познато дали и кога Ристовски ќе се врати во националниот тим, односно дали ова повлекување ќе биде на сила само додека е Милевски селектор, а потоа одново ќе игра во дресот со државниот грб или ова е крај за  него во репрезентацијата засекогаш.

Ристовски за националниот тим досега има одиграно 80 натпревари, низ кои постигна 2 гола.

Се вчитува...