Стефан Ристовски: Секогаш со срце за македонскиот дрес, без разлика на тешкотиите

ЕКИПА во Виена, 

Никола Ѓуровски

Австрија е силна, има мотив за пласман на Европско првенство, а Македонија има многу проблеми. Згора на се, и капитенот Горан Пандев има зголемена телесна температура. Неизвесен е неговиот настап на утрешниот меч. Но, тоа не значи дека и однапред ќе се предадеме.

Стефан Ристовски вели дека фудбалерите секогаш имаат максимални мотиви кога играат во дресот со националниот грб.

„Апсолутно имаме и желба и мотиви да одиграме најдобро што можеме во моментот. Имаме проблеми, но верувам дека сите што ќе истрчаат ќе бидат на потребното ниво, со срце. И исто така мислам дека не можеме да бидеме така слаби како на првиот меч против Австрија. Се разбира, ривалот има силен состав, но ние сме фокусирани да одиграме на вистинското ниво и овие квалификации д ги заокружиме на добар начин, како и што ги игравме досега. Ако сакаме Македонија да игра на Европско првенство, секој меч е најважен за нас. Така е, и така ќе биде со оваа генерација“, изјави Стефан Ристовски, кој ќе ја носи капитенската лента доколку Горан Пандев не биде во можност да настапи на утрешниот меч.

Во овие моменти фудвалската репрезентација на Македонија го одржува официјалниот тренинг на стадионот „Ернст Хапел“.

Се вчитува...