Стефан Ристовски: Срамота е да играме на ваков терен, а сакаат да одиме на ЕП!

Македонија не играше добро, но Стефан Ристовски отвори нов проблем. Капитенот на репрезентацијата на денешниот меч вели дека теренот на арената „Тодор Проески“ е катастрофален и дека тоа е голема срамота за Македонија која патем сака да игра и на Европско првенство.

„Ќе бидам краток. Сакам да им честитам на момците, за мене не се ова само три бода, туку имаат вредност на злато. Можеби од страна и не изгледаше фудбалски добро, но на ваков терен подобро и не е возможно. Ако треба да играме на ваков терен, тогаш нека ни кажат и да одиме да играме на друг стадион. Ова е срамота! Зборуваме за Македонија која сакаме да игра на Европско првенство! Ние со недели сме затворени во карантини за да дојдеме и да ‘изгинеме’ во националниот дрес, а не пречекуваат со ваков терен. За мене ова е повеќе од три бода и им честитам на момците“, изјави Стефан Ристовски, кој беше капитен на селекцијата на овој меч, со оглед дека Горан Пандев стартуваше на клупата за резервни фудбалери.

Се вчитува...