Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Анталија ќе го одигра и вториот пријателски натпревар овојпат против репрезентацијата на Црна Гора.
Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Стефан Савиќ пред мечот со Македонија вели дека очекува позитивен резултат.
„Очекувам вистинска игра и уште еден позитивен резултат. Најпрво да ги спроведеме замислите на тренерот и она кон што се стремиме, за да бидеме максимално подготвени за стартот на Лигата на нации во септември. Задоволни сме од условите и од работата. Вистински потег е што постојано сме тука за што подобро да го запознаеме селекторот, кој наиде на група вистински момци кои имаат искрен однос кон репрезентацијата. Ќе дадеме се од себе за да му ја олесниме работата на тренерот и ќе се обидеме да создадеме тим кој ќе биде конкурентен со сите“, изјави Савиќ.
Натпреварот е со почеток во 14 часот по средноевропско време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА