Стефан Спировски го раскина договорот со Хапоел Тел Авив

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски не е веќе член на Хапоел Тел Авив, објави Макфудбал.мк. Тој денеска спогодбено го раскина договорот со израелскиот прволигаш. Во периодот на глобална криза поради коронаворусот и прекин на првенството на Израел, македонскиот интернационалец одлучи дека за него најдобро е да стави крај на авантурата во Хапоел Тел Авив.

Спировски дојде во израелскиот тим летото 2019 година, имаше одлични настапи, но, сепак, побара раскин на договорот од објективни причини.

Стефан Спировски ја почна кариерата во Пелистер, играше за Борац Чачак, беше на позајмица кусо во Работнички, настапуваше за бугарскиот Берое, се афирмираше како реппрезентативец во дресот на Вардар, а потоа две години настапуваше и за унгарскиот Ференцварош. За репрезентацијата на Македонија има 31 настап.

Се вчитува...