Стефан Спировски повеќе не е член на АЕК Ларнака откако се договори за раскин на договорот со кипарскиот прволигаш.
АЕК Ларнака минатото лето го доведе Спировски во своите редови од Хапоел Тел Авив, по што беше стандарден во кипарскиот состав. Сепак, ситуацијата летово се промени по што двете страни се согласија дека најдобро за сите е да дојде до разделба.
„АЕК Ларнака може да објави дека е постигнат договор за прекин на соработката со Стефан Спировски. Му благодариме на овој фудбалер за она што го стори за нашиот клуб и му посакуваме многу среќа во иднина“, објави кипарскиот клуб.
Според информациите на ЕКИПА, интерес за Спировски постои од неколку клубови од Унгарија каде повторно би можел да ја продолжи кариерата. Во 2017 година беше член на Ференцварош.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА