Стефан Спировски стрелец за Хапоел Тел Авив

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски продолжува со одлични игри во Израел. Тој беше стрелец на погодок за Хапоел Тел Авив во гостинскиот триумф  (0-3) против второлигашот Сахнин во Купот на Израел. Спировски погоди со удар со глава во 40.минута од мечот.

Во вториот дел, голови за Хапоел Тел Авив постигнаа и Баршаски и Дамари Родригез.

Се вчитува...