Стефано Пиоли го напушта Ал Наср и се враќа во Италија

Актуелниот тренер на Ал Наср, Стефано Пиоли ќе го напушти саудискиот клуб, и ќе се врати во Италија, на кормилото на Фиорентина. Тренерот кој во минатото беше дел од Милан, во текот на минатата година се согласи да го води Ал Наср, тимот каде што настапува Кристијано Роналдо, но неговата одисеја нема да трае повеќе од една година.

59-годишниот италијански стручњак е подготвен да го напушти клубот, и да се врати во Фиренца, каде што беше од 2017 до 2019 година, пред да замине во Милан. Покрај Ал Наср, Милан и Фиорентина, Пиоли во минатото работеше и во Интер, Лацио, Болоња, Палермо, Киево, Сасуоло, Пјаченца, Гросето, Парма, Модена и Салернитана.

Фиорентина остана без тренер, откако неочекувано се раздели со Рафеле Паладино, и покрај тоа што пред неколку месеци нивната соработка беше продолжена. Сепак, двете страни се договорија на взаемно прекинување на соработката.

Се вчитува...