Официјално: Пиоли на клупата на Милан

Италијанскиот калчолигаш Милан, го претстави Стефано Пиоли за нов тренер на клубот. Искусниот стратег со поранешниот европски шампион потпиша двогодишен договор, а главна цел ќе му биде враќање на тимот на врвот во италијанската лига. Тој на „Сан Сиро“ доаѓа како замена за Марко Џампаоло кој по очајниот старт на сезоната доби отказ.

53-годишниот Пиоли тренерската кариера ја почна во 1999 година. Во Серија А првиот ангажман го имаше во 2006 година во Парма. Покрај Парма во калчото ги предводеше и екипите на Киево, Палермо, Болоња, Лацио, Интер и Фиорентина.

Навивачите на Милан во изминатите 24 часа бурно реагираа на ваквиот избор на клупската управа, но Малдини и Бобан останаа на ставот и го ангажираа овој стручњак со двогодишен договор за плата од 1,5 милиони евра по сезона.

Се вчитува...