Стефановски и Давидовски викендов на Хунгароринг во трките од ТЦР-Европа шампионатот

Најдобрите македонски автомобилисти Виктор Давидовски и Игор Стефановски – Иџе викендов пред нов предизвик, и тоа на славниот Хунгароринг во Унгарија.

Стефановски се враќа по пауза од една трка, како што вели подготвен за голем резултат на оваа патека. Претходно, успешно помина три дена тестирање со неговиот автомобил Хјундаи на автодромот Гробник во Хрватска, па сега атакува на висока позиција во „ТЦР“ првенството.

Првата трка на Хунгароринг е денеска од 13:40 часот, а втората е утре од 11:50 часот. Директен пренос од Хунгароринг ќе пренесува Телевизија 24 и од двете трки.

Се вчитува...