Македонскиот атлетичар Огнен Стефановски повторно го подобри сопствениот национален рекорд во десетобој на Балканското првенство за сениори кое се одржа во Волос, Грција.
Освојувајќи вкупно 7207 поени, што претставува ново најдобро остварување во неговата кариера, Стефановски дојде и до нов национален рекорд во десетобој.
Со овој резултат, Стефановски го освои високото четврто место во силната балканска конкуренција.
И Андреас Трајковски оствари одличен настап на Балканското Првенство, освојувајќи го високото четврто место во скок во далечина во силна меѓународна конкуренција.
Андреас до пласман меѓу најдобрите стигна со скок од 7.68 метри, потврдувајќи ја својата константност и квалитет на балканската сцена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
