Стен Кренке ќе биде комплетен сопственик на Арсенал

Доминантниот сопственик на Арсенал, Стен Кренке понудил 600 милиони фунти за комплетно да го откупи клубот кој во таа ситуација би стекнал вкупна вредност од 1,8 милијарди фунти. Американскиот магнат во моментов поседува 67 %. Алишер Усманов кој пак има 30% од акциите на Арсенал, се согласил да го продаде неговиот дел. Тој и покрај  тоа што беше дел од сопственичката структура, не беше дел од Бордот и не учествуваше во носењето одлуки.

Обајвата за комплетното откупување беше направена на Лондонската берза. Според соопштението од Кренке целта на откупувањето е Арсенал да биде постабилен на патот кон реализација на амбициите.

„Нашите амбиции се Арсенал да ја освои Премиер-лигата и да биде високо конкурентен во Лигата на шампиопните, но да освојува и трофеи и во женска конкуренција“ – пишува во соопштението од компанијата на Кренке.

Арсенал направи голема промена за претстојната сезоната откако Унаи Емери ја презеде менаџерската позиција на која цели 22 години беше Арсен Венгер.

 

Се вчитува...