Стенио Жуниор го пропушта гостувањето на „Сан Сиро“

Напаѓачот на Шкендија, Стенио Жуниор, нема да игра на првиот меч против Милан на „Сан Сиро“, во рамките на плејоф колото од Лигата на Европа. Тој од Дисциплинската комисија на УЕФА доби суспензија на два натпревари поради црвениот картон што го заработи на првиот меч против Тракаи во Вилнус.

Жуниор не играше на реваншот против литванскиот тим во Струмица, но же мора да паузира и на првиот дуел против италијанскиот гигант Милан.

Се вчитува...