Стерлинг и Сити заглавија во преговорите за нов договор

Англискиот репрезентативец Рахим Стерлинг е многу далеку од потпишување на нов договор со актуелниот шампион Манчестер сити. Раководството на клубот сака да го задржи меѓу „граѓаните“, но има очигледно разидување во ставовите околу финансиските примања.

Стерлинг бара зголемување на неделната плата за 100.000 фунти, а тоа е премногу за челниците на Манчестер сити, затоа што ќе го наруши целиот систем во тимот. Засега најплатен играч е Кевин де Бруине, кој заработува 250.000 фунти неделно, а со бонуси овој износ може да биде зголемен и до 325.000 фунти. Стерлинг со новите барања сака да биде веднаш зад Белгиецот, но тоа значи дека би заработувал повеќе од Серхио Агуеро и Давид Силва, што сега не е случај.

Пеп Гвардиола се изјасни дека сака да го задржи Стерлинг во тимот, но сепак преговорите им ги остава на одговорните во клубот за тоа прашање.

Се вчитува...