Стерлинг: Не сум задоволен од минутажата во Сити

Рахим Стерлинг, стрелецот на единствениот гол за англиската репрезентација на Европското првенство досега, истакна дека е незадоволен од минутажата што ја имал во текот на сезоната во Манчестер Сити.

Иако важи за една од ѕвездите на Сити, голем број на натпреварите во текот на годината Стерлинг ги започна од клупата, вклучително и четвртфиналето и полуфиналето од Лигата на шампионите.

„Ако не играм, не сум задоволен. Таков сум од кога започнав да играм фудбал како дете. Нема филозофија. Кога сум на клупата, сигурно не можам да бидам задоволен “, изјави Стерлинг.

За разлика од Гвардиола, селекторот на Англија, Герет Саутгејт му верува на брзиот напаѓач, а Рахим му возврати на најдобар можен начин откако постигна гол против Хрватска на Вембли, победа со која сигурно ќе го одведе „Горди Албион“ во осминафиналето.

„Уживам во репрезентацијата, бидејќи чувствувам дека луѓето ми веруваат. Тоа е најважното за мене“, рече Стерлинг.

Во последниот натпревар од групната фаза, Англија во вторник од 21 часот ќе игра против Чешка за првото место во групата „Д“.

Се вчитува...