Стерлинг по кратка постапка го реши Ватфорд

Манчестер Сити лесно и убедливо триумфираше на последното овосезонско гостување, декласирајќи го Ватфорд со убедливи 0-4. Во главна улога беше Рахим Стерлинг, кој со два гола во првото полувреме го реши прашањето на победникот, дополнително компликувајќи ја битката на Ватфорд за опстанок во елитното друштво.

Англискиот репрезентативец најпрвин со силен удар од десетина метри ја начна мрежата на домаќините, а пред крајот на полувремето зголеми на 0-2, иако голманот му го одбрани пеналот, Стерлинг натрча на одбиената топка и ја смести во мрежата. Тој учествуваше и во акцијата по која Фоден зголеми на 0-3, а конечните 0-4 беа дело на Лапорт во 67. минута.

Ватфорд по овој пораз останува на 17. место, кое значи опстанок во лигата, но има само три бода повеќе, но и меч повеќе од Астон Вила, која вечерва го игра својот меч од 37. коло.

Се вчитува...