Стерлинг во јануари заминува на позајмица

Англиските премиерлигаши Фулам и Кристал Палас се заинтересирани за играчот на Челси, Рахим Стерлинг. Стерлинг (31) е член на Челси од 2022 година, а сезоната 2024/2025 ја помина како позајмен играч во Арсенал. Пред Челси играше за Манчестер сити и Ливерпул.

Стерлинг не одигра ниту еден натпревар за клубот од „Стемфорд бриџ“ оваа сезона, а менаџерот на Челси, Енцо Мареска, не смета на поранешниот англиски репрезентативец до крајот на сезоната.

Сепак, британските медиуми објавуваат дека Стерлинг не е подготвен да го напушти Челси во зимскиот преоден рок, бидејќи има неделна плата од околу 300.000 фунти. Тој сака да се бори за место во првиот тим на Челси, а има договор со овој клуб до јуни 2027 година.

Медиумите на Островот објавуваат дека челниците на Фулам и Кристал Палас ја следат ситуацијата со Стерлинг и се подготвени да го ангажираат искусниот англиски напаѓач, кој одигра 82 натпревари и постигна 20 гола за репрезентацијата од 2012 до 2022 година, веќе во зимскиот преоден рок.

Се вчитува...