Стевче Алушовски не е повеќе тренер на Пелистер

Стевче Алушовски нема да го предводи Пелистер во пролетниот дел на сезоната во македонската Супер лига. Според информациите од Битола станува збор за разминување во ставовите на тренерот и управата на клубот поради што Алушевски заминува од клубот.

Одлуката за смена на Алушовски доаѓа изненадувачки, ако се има предвид извонредната есенска полусезона што ја имаше битолскиот суперлигаш под негово водство.

Пелистер го заврши првиот дел од сезоната на лидерската позиција на табелата со само еден пораз на стартот и фантастична серија од 11 победи по ред.

Се вчитува...