Стевче Стефановски доби функција во управата на Пелистер

Пелистер го финишира комплетирањето на ростерот за наредната натпреварувачка сезона, но битолчани истовремено се засилуваат и на стручен план, вклучувајќи го поранешниот селектор на Македонија, Стевче Стефановски, во клупските структури.

Поранешниот голман е вклучен во Одборот на директори на Пелистер, а исто така е именуван и за  координатор на сите младински категории во РК Пелистер.

Управата на клубот постигнатиот договор со Стевче Стефановски го оценува како еден огромен чекор напред во унапредување и подобрување на работата со младите категории во нашиот клуб. Убедени сме дека неговото знаење и искуство значително ќе придонесе за подобрување на квалитетот во работата со младинските категории и ќе осигура вистинска иднина на ракометот во нашиот град.

„Со огромно задоволство ја информираме спортската ракометна јавност дека поранешниот селектор на македонската ракометната репрезентација, прославениот голман и поранешен тренер на РК Пелистер, Стевче Стефановски е именуван за координатор на сите младински категории во РК Еурофарм Пелистер.  Воедно, Стевче Стефановски ќе биде и дел од Одборот на директори на РК Еурофарм Пелистер. Управата на клубот постигнатиот договор со Стевче Стефановски го оценува како еден огромен чекор напред во унапредување и подобрување на работата со младите категории во нашиот клуб. Убедени сме дека неговото знаење и искуство значително ќе придонесе за подобрување на квалитетот во работата со младинските категории и ќе осигура вистинска иднина на ракометот во нашиот град“, се вели во соопштението на РК Пелистер.

Се вчитува...