Стигна и Раул: Ракометарите во строј пред „ел команданте“

Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалес, вечерва пристигна во Скопје и веднаш по слетувањето во главниот град се фати за работа, водејќи го првиот тренинг на ракометниот национален тим во пресрет на СП 2019 во Германија и во Данска.

Шпанецот поради прославата на Католичкиот Божиќ пристигна во Скопје со задоцнување од еден ден, но ќе има сосема доволно време за да ги види на дело младите ракометари и на крајот да донесе конечна одлука, да ги избере играчите кои ќе ги бранат боите на Македонија во групната фаза во Минхен.

Од ракометарите во стројот се уште не е единствено Филип Талески, кој ќе се приклучи на крајот од оваа седмица бидејќи в четврток го очекува дерби дуел од Бундес-лигата меѓу Рајн-Некар Левен и Кил.

Како што е веќе договорено, Македонија како дел од овие подготовки ќе одигра две контролни средби против Србија, на 4 и на 5 јануари, од кои вториот дуел ќе биде од затворен карактер.

Се вчитува...