Стигна специјална покана: Мареј ќе игра во Мајами

Британскиот тенисер Енди Мареј ќе настапи на претстојниот Мастерс во Мајами, откако доби специјална покана од организаторите. Поранешниот прв рекет на светот, кој немаше можност да се врати во вистинската препознатлива форма, заради долго отсуство поради операција на колкот, конечно ќе го гледаме на тениските турнири.

Мареј истакна дека на негово големо задоволство повторно ќе биде дел од натпреварувањето во Флорида, каде последен пат играше во 2016 година.

„Мајами е град кој го сакам, во изминатите 15 години поминав многу време таму. Се чувствувам многу убаво во Мајами“, изјави Британецот, победникот на турнирите од 2009 и 2013 година.

За 33-годишникот ова е нова можност за „кам-бек“ во „белиот спорт“.

„Сакам да играм натпревари, особено против врвни играчи, за да можам да работам на мојата игра и да го подобрам пласманот“, рече во моментов 118. играч на АТП-листата.

Инаку, турнирот во Мајами е на програмата од 22 март до 4 април. На него нема да се појави Роџер Федерер, последниот освојувач од 2019 година.

Се вчитува...