Стигнаа казните: Партизан ќе биде „осакатен“ во Белград

Дисциплинската комисија при Евролигата ги одреди казните за кошаркарите кои беа дел од големиот инцидент во финишот од мечот Реал Мадрид – Партизан.

Српските медиуми најпрвин ги обелоденија казните на „црно-белите“, преку извори од клубот, по што е јасно дека АБА-лигашот ќе биде драстично ослабен на наредните натпревари што треба да се играат во Белград.

Кевин Пантер е казнет со два меча неиграње поради удирањето на неколку противнички кошаркари, додека Матијас Лесор е суспендиран на еден натпревар, што значи дека ќе го пропушти првиот од двата меча за кои е предвидено да се играат во Белград во текот на наредната седмица.

Згора на тоа, Данте Егзум поради повреда речиси сигурно ќе ги пропушти овие натпревари, по што е јасно дека Партизан ќе биде „осакатен“ во обидот на домашен терен да стигне до третата победа која ќе значи и учество на фајналфор турнирот од Евролигата.

Се вчитува...