Стив Кер потврди – Џордан изнесе многу лаги во „Последниот танц“

Најсимпатичниот лик во генерацијата на Чикаго Булс која доминираше во НБА во 90-тите години на минатиот век, Стив Кер стави голем знак прашалник на изјавите на Мајкл Џордан во документарецот „Последниот танц“. Стив и Мајкл на еден тренинг имале препирка која завршила со физичка пресметка за која тренерот на Голден Стејт вели дека не била како што ја раскажа Џордан во „Последниот танц“.

„Тоа не беше така како што се сеќавам јас. Игравме еден на еден, и од моја страна имаше ситни прекршоци, но така го чуваа сите противници. Тогаш силно ме удри. Јас сум човек кој може многу да издржи, но морав да му возвратам. Тоа е вистинска приказна, но тоа дека Фил бил присутен на тренингот и дека го избркал Џордан јас колку што се сеќавам не е вистина. Тој беше во канцеларија мораше да телефонира, кога се врати само ме натера да го исчистам цел неред“, изјави Кер. 

Многу НБА ѕвезди од тоа време се незадоволни од тоа како е направен документарецот и се сложуваат со Стив Кер дека голем дел од него се полуизменети приказни како би бил поинтересен за публиката.

Се вчитува...