Стив Кер со посвета за Милојевиќ пред мечот меѓу САД и Србија

Соединетите Американски Држави и Србија во моментов играат пријателски натпревар во Абу Даби како дел од подготовките за Летните олимписки игри во Париз.

Овие две земји кошаркарски ги поврзуваат многу работи, а една од нив е и големото пријателство меѓу селекторот на САД Стив Кер и неговиот поранешен помошник во Голден Стејт Вориорс, Дејан Милојевиќ кој почина на почетокот на годинава.

На натпреварот Кер се појави со маица на која пишуваше „Брате“ со иницијалите на Милојевиќ.

Се вчитува...