Хјустон Рокетс го продолжи договорот со искусниот центар Стивен Адамс на уште три години.
Иако 31-годишниот центар со 12-годишно искуство во НБА не е на врвот на кариерата, доби нов договор. Хјустон му го продолжи договорот на уште три години вреден 39 милиони долари.
Оваа сезона имаше просек од 3,9 поени и 5,6 скока. Во својата кариера играше за Оклахома (првите седум години), потоа за Њу Орлеанс и Мемфис пред да дојде во Хјустон во 2024 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА