Стивен Џерард нов тренер на Глазгов Ренџерс, промоцијата следната недела

Три години по играчкото пензионирање, и по само една година тренерско искуство, на свои 38 години легендата на Ливерпул добива можност да биде на клупата на еден од најславните шкотски клубови. Стивен Џерард од следната недела и официјално се очекува да биде новиот менаџер на „ренџерси“.

Како што пренесуваат англиските медиуми, следната недела треба да биде и официјалната промоција на Џерард на клупата на Глазгов ренџерс.

За Ренџерси, коисезонава завршија со големо заостнување зад Селтик, Стивен Џерард бил прва желба. Легендата на Ливерпул пред две години одби понуда од англискиот нисколигаш МК Донс но сега и дефинитивно не можел да го одбие предизвикот кој го нуди славниот Глазгов ренџерс.

Според најавите негов прв асистент треба да му биде Гери МекАлистер со кого како играч одлично соработуваше две години во Ливерпул.

Се вчитува...