Стивенс-Плишкова и Свитолина-Бертенс во полуфиналните дуели во Сингапур

Слоун Стивенс со три победи ја мина групната фаза на ВТА финалниот турнир во Сингапур откако во последното коло од „црвената“ конкуренција ја победи Анжелик Кербер со 2-0 во стови.  Американката ги доби двата сета со идентични 6-3. За Кербер турнирот завршува.

Заедно со Стивенс која завршува на првото место преку оваа група во полуфиналето оди и Кики Бертенс како второпласирана.

Во полуфиналните дуели кои се закажани за утре ќе се сретнат Стивенс со Плишкова и Свитолина со Бертенс. Од турнирот беше елиминирана ланската победничка, Каролине Возњаки, а не учествуваше поради повреда, водечката на ВТА листата, Симона Халеп.

Се вчитува...