Стивенс се развика кон ривалката: „Еб*на кучка!“

Американската тенисерка Слоун Стивенс во првиот меч на турнирот во Пекинг имаше скандалозна реакција. Таа се развика кон ривалката Анастасија Пављученкова, нарекувајќи ја „еб*на кучка“. Оваа реакција предизвика огромно внимание во тениската јавност.

Стивенс сметаше дека руската тенисерка сака да ја погоди со топче директно во телото, а на крајот успеа и да го добие поенот. Но, реакцијата е секако за осуда.

Се вчитува...