Стјепановиќ и Гуцев ќе ја засилат Беласица?

Македонскиот прволигаш Беласица се обидува да ги засили своие редови со искусни фудбалери од средниот ред. Раководството на струмичкиот тим преговара со Остоја Стјепановиќ и Благој Гуцев кои треба да пристигнат на стадионот „Младост“ наредните денови.

Стјепановиќ оваа зима се раздели со Работнички, додека Гуцев настапуваше за косовскиот тим Трепча. Доколку и двајцата пристигнат во Струмица, тогаш Беласица ќе добие навистина квалитетни засилувања во линијата за врска, неопходни во битката за опстанок во елитата.

Беласица се наоѓа на последното место на табелата по првиот дел од сезоната во Првата лига со 17 освоени бода.

Се вчитува...