Стјепановиќ уште една година во Пелистер

Пелистер нема да дозволи распуштање на целокупната бековска линија од ланската сезона. Јотиќ и Остроушко најавија заминување од таборот на битолскиот клуб, но „пелистерци“ затоа успеаја да се договорат за продолжување на соработката со десниот бек Невен Стјепановиќ.

Актуелниот македонски вицепрвак на официјалната веб-страница објави дека е потпишан нов договор, со важност до јуни 2021 година. Стјепановиќ пристигна од редовите на Спортинг и важеше за еден од најдобрите ракометари на Работник се до тешката повреда на коленото. Рехабилитацијата се одвива одлично и се очекува Стјепановиќ да му се стави на располагање на тренерот Бабиќ на стартот од подготовките за новата сезона.

„Пелистерци“ досега договорија само еден трансфер, оној на македонскиот репрезентативец Марио Танкоски од Металург, а се очекува во следниот период да бидат донесени уште неколку засилувања со кои битолскиот клуб во следната сезона би атакувал на трофеи на домашната сцена.

Се вчитува...