Стјуардите донесоа одлука за инцидентот меѓу Хамилтон и Ферстапен

Неверојатна лудница ни донесе стартот на трката за големата награда на Велика Британија која се вози на патеката Силверстоун. Главните конкуренти за освојување на титулата Луис Хамилтон и Макс Ферстапен имаа страшен инцидент во кој подебелиот крај го извлече возачот на Ред Бул.

Стјуардите по долго разгледување донесоа одлука дека Хамилтон е виновен за инцидентот и доби 10 секунди кои ќе мора да ги одработи при првото заминување во пит стоп.

 

 

Се вчитува...