Стоилковска елиминирана од домашна тенисерка во Бакау

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска, беше елиминирана од турнирот во Бакау, Романија откако денеска загуби од домашната тенисерка Симона Огеску со 2-0.

Стоилковска вчера ја елиминираше првата носителка на турнирот, Србинката Тамара Цуровиќ, но денеска немаше сили за нова победа и пласман во 1/4 финалето.

Романската тенисерка го доби мечот во сетови со 3-6, 3-6.

На истиот турнир Стоилковска денеска од 14:50 ќе игра во двојки. Таа ќе настапи заедно со Диана Марија Михаил против украинската двојка Цјурпалевич – Запарјниук.

Се вчитува...