Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска го заврши настапот на фјучрсот во Шарм Ел Шеик, Египет, откако денес загуби од домашната тенисерка Јасмин Езат (втора носителка) со 2:0 во сетови (6:1 и 6:4) за 1 час и 17 минути игра.
Езат првиот сет го освои убедливо, со само еден загубен гем, кога македонската тенисерка намали на 2:1. Во вториот сет нешто подобро парираше Стоилковска, но не успеа да го следи ритамот до крајот.
Магдалена Стоилковска е пријавена за настап на уште еден фјучрс турнир што се игра во Египет за истиот награден фонд од 15.000 долари, но според моменталниот статус на пријавени тенисерки ќе треба да настапува во квалификациите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА