Стоилковска по тешка борба донесе предност за Македонија против Молдавија

Женската македонска тениска репрезентација поведе со 1-0 против Молдавија во клучниот натпревар од Б групата на турнирот во Скопје како дел од третата Европска група во Били Џин Кинг купот.

Предност за Македонија од 1-0 донесе Магдалена Стоилковска која по тешка борба славеше над Даниела Чобану со 2-0, по сетови 7-6 и 7-5.

Во вториот натпревар најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе се сретне со Екатерина Вишневскаја.

 

Се вчитува...