Стоилов: Дојдовме во Брест лути, па Загреб си плати

ЕКИПА во Брест,

Томас Ѓорѓиевски

Македонскиот репрезентативец Стојанче Стоилов искажа задоволство од победата на Вардар и пласманот во финалето од Ф4 во СЕХА лигата.

„Некако како да пристигнавме лути тука во Брест желни за реванш на ППД Загреб за оној пораз во регуларниот дел, но и силно мотивирани по оној пораз од Металург. Се договоривме дека нема да одиграме како на дуелот со Металург, па добро почнавме и го одржувавме ритамот до крајот на натпреварот. Сега го чекаме противникот во финалето, но може да кажам и дека не е важно против кого ќе играме. И двете се квалитетни екипи, добро се знаеме сите и сигурно ние повторно ќе одиграме максимално затоа што сме желни за трофејот“ – истакна Стоилов по мечот со ППД Загреб.

Се вчитува...