Стоилов и Георгиева, спортски лауреати на годината

Ракометарот на РК Вардар и македонски репрезентативец, Стојанче Стоилов, е избран за најдобар спортист на Македонија, а друштво на пиедесталот му прави каратистката Јована Георгиева. Тие се главните спортски лауреати за 2017 година во изборот на Агенцијата за млади и спорт.

sportisti 2017„Ова е огромно лично достигнување, но ракомет сам не се игра. Сакам да се заблагодарам на колегите од репрезентацијата, и соиграчите од РК Вардар со кои ја израдувавме целата нација и направивме неверојатен успех. 2017 година беше за мене многу успешна година, но се надевам дека ќе продолжиме исто и во 2018 година, уште на стартот на Европското првенство во Хрватска“, изјави Стојанче Стоилов.

За најуспешен тренер, односно селектор, е избран Раул Гонзалес, кој во водеше РК Вардар до европската титула во Лигата на шампионите, а успеа и Македонија да ја одведе на Европското првенство во Хрватска.

Ракометната федерација е најдобрата во годината што изминува, Кире Лазаров доби специјална награда, а и неговите наследници од ракометната селекција до 21 година, се меѓу лауреатите. Победници се и ракометните кадетки во својата конкуренција.

Дејан Георгиевски (таеквондо) доби награда надвор од востановените категории, Андреј Стојаноски е најдобар спорист со инвалидитет.Иднината останува за каратистите Петар Заборски и Симона Симовска, кои се избрани за најдобри млади спортисти на Македонија.

СПОРТСКИТЕ ЛАУРЕАТИ ЗА 2017 ГОДИНА

СПОРТИСТ НА ГОДИНАТАСтојанче Стоилов – ракомет

СПОРТИСТКА НА ГОДИНАТАЈована Георгиева – карате

СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДАКире Лазаров – ракомет

НАЈУСПЕШНА СПОРТСКА ФЕДЕРАЦИЈАРакометна федерација на Македонија

НАЈУСПЕШЕН ТРЕНЕР/СЕЛЕКТОРРаул Гонзалес – ракомет

НАЈУСПЕШЕН МАШКИ НАЦИОНАЛЕН ТИМРакометна репрезентација на Македонија до 21 година

НАЈУСПЕШЕН ЖЕНСКИ НАЦИОНАЛЕН ТИМ Ракометна репрезентација на Македонија – кадетки

СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА Дејан Георгиевски – Таеквондо

НАЈУСПЕШЕН СПОРТИСТ СО ИНВАЛИДИТЕТАндреј Стојаноски – пливање

НАЈДОБРА МЛАДА СПОРТИСТКАСимона Симовска – карате

НАЈДОБАР МЛАД СПОРТИСТПетар Заборски – карате

НАЈУСПЕШЕН УНИВЕРЗИТЕТСКИ СПОРТСКИ КОЛЕКТИВЖенски тим на карате на Универзитет Кирил и Методиј

НАЈУСПЕШЕН УЧИЛИШЕН СПОРТСКИ КОЛЕКТИВ ОД СРЕДНИ УЧИЛИШТАСОУ Никола Карев – Струмица

НАЈУСПЕШЕН УЧИЛИШЕН СПОРТСКО КОЛЕКТИВ ОД ОСНОВНИ УЧИЛИШТАОУ Страшо Пинџур – Кавадарци

Се вчитува...