Стоилов и Миркуловски – Добредојдовте во „Куќата на славните“

Ракометот уште еднаш покажа зошто е спорт број еден во Македонија, откако во извонредна атмосфера пред 7.000 навивачи како по навика беше земен скалпот на Чешка и обезбеден пласманот на нов мундијал.

Неделниот спектакл беше и последен репрезентативен танц на Филип Миркуловски и на Стојанче Стоилов, двете македонски легенди кои беа незаменливи во националниот тим повеќе од една деценија наназад. Помогнаа кога беше најпотребно, сторија се за да биде одржан континуитетот од настапи на големите натпреварувања и сега апсолутно заслужено заминуваат во „куќата на славните“ на мак-ракометот.

Кире Лазаров раководи и со ова одбрано друштво на „најдоброто во историјата на мак-ракометот“, во кое се наоѓаат и Пепи Манасков, Стевче Алушовски, Наумче Мојсовски, Борко Ристовски… одбрано друштво во кое сега се наоѓаат и Миркуловски и Стоилов.

фотомонтажа: ЕКИПА.мк

Се вчитува...